Култура Алоѓозовски ги разреши Жугиќ и Димитров од директорските места

Алоѓозовски ги разреши Жугиќ и Димитров од директорските места

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска донел решение за разрешување на директорот на Театарот за деца и младинци, Братислав Димитров, како и на директорката на Театар „Комедија“, Јелена Жугиќ. Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци е именувана Катарина Илиевска-Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театар „Комедија“ е именувана Мирјана Поповска-Ристов.

„Единствена цел на назначувањето в.д. директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, за да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори“, велат од Министерството за култура.

Оттаму додаваат дека кога ќе се исполнат законските услови, низ отворен и транспарентен процес, ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и за именување на нови директори.