Македонија Алими и Гури не се чувствуваат виновни за „Титаник 3“

Алими и Гури не се чувствуваат виновни за „Титаник 3“

Обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури на денешното рочиште кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвнителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни.

Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат во општина Чаир.

– Тие имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ – истакна обвинителката Фетаи.

Таа образлагаше дека незадоволни од вистинскиот изборен резултат, тие формирале група за дејствување, односно имале цел да генерираат поволен изборен резултат. Со закана успеале да го скршат отпорот на сведоците и ги приклучиле кон себе. Групата ја обезбедиле според позната изрека за стапот и морковот, односно ги уцениле со зборовите „доколку не го сториш ова нема да поминеш добро. Имаме договор со ВМРО, ништо нема да ви се случи“, рече обвинителката.

Адвокатите на Алими и Гури пред судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.

Судењето продолжува на 19 мај.