Македонија Алијанса за Албанците: Албанскиот ќе стане службен јазик и СЈО ќе влезе...

Алијанса за Албанците: Албанскиот ќе стане службен јазик и СЈО ќе влезе во Уставот

Коалицијата Алијанса за Албанците денеска во Тетовско ја почна изборната кампања, презентирајќи ја програмата на коалицијата и кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември.

На собирот говореа Зулфи Адили од алијансата, Гзим Острени од Унитети и носителот на изборната листа во шестата изборна единица, Зијадин Села од Движење за реформи на ДПА.

Од коалицијата Алијанса за Албанците на насобраните им ветија дека доколку победат, албанскиот јазик ќе стане службен, ќе направат правилна распределба на буџетот, ќе се залагаат со Устав да се регулира работата и постоењето на СЈО, како и остварување на правата на Албанците за употреба на знамето и јазикот.