Свет Балкан Албанскиот парламент го изгласа законот за проверка

Албанскиот парламент го изгласа законот за проверка

Албанскиот парламент вчера донесе серија закони откако беше постигнат договор меѓу Социјалистичката партија и Демократската партија а надминување на кризата.

Носењето закони следеше откако беа назначени нови министри од опозицијата, кои технички ќе раководат со секторите до парламентарните избори. Меѓу законите кои вчера беа донесени беше и законот за проверка.

– Давањето пристап на опозицијата до владата за да ја натераме да гласа за законот за проверка, беше најмалото нешто што можевме да го направиме. Ова е процес кој го создадоа Албанците, преку партиските претставници, а ќе продолжи преку независни експерти кои ќе го надгледуваат целиот процес, со уставен мандат, заедно со нашите меѓународни пријатели и партнери, група на европски и американски судии и обвинители. Гарантирам дека Албанците ќе ги видат долго очекуваните резултати – изјави премиерот Еди Рама.