Хроника Албански државјанин приведен на скопскиот аеродром, приложил лажен документ

Албански државјанин приведен на скопскиот аеродром, приложил лажен документ

Дваесет и четиригодишен државјанин на Република Албанија вчера попладне, околу 17 часот, бил приведен на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, поради фалсификувани документи.

Според полициските информации, албанскиот државјанин К.Н. (24), на излез од земјава, на пасошката контрола дал на увид фалсификувана грчка лична карта.

По приведувањето, тој е задржан за понатамошна постапка.