Дописници Албански државјанин извршил четири тешки кражби и одзел пет возила во струшко

Албански државјанин извршил четири тешки кражби и одзел пет возила во струшко

Полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава на А.П.(23) од Либражд-Република Албанија, кого го товари за основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои четири се „тешка кражба“ и пет „одземање на моторно возило“, информираше Стефан Димоски, потпарол на СВР Охрид.

Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули, октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица, Велешта, Радолишта и Заграчани.

A.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел два плазма телевизори, а со кршење на стакло од излог од продавница во Радолишта одзел цигари и пари.

Тешката кражба во авто сервисот во Велешта ја извршил користејќи талпа при што се искачил до отворениот прозор и одзел авто делови.

А.П откако патничките возила ги одземал се превезувал во близина на граничниот премин Ќафасан, ги оставал возилата и илегално ја преминувал македонско-албанската граница.