Дописници Албанската влада прифати да донесе посебен закон за малцинствата

Албанската влада прифати да донесе посебен закон за малцинствата

Министерството за надворешни работи на Албанија организираше состанок со преставници на малцинствата во Албанија, заради подобрување на законската регулатива за малцинствата преку подготвување на посебен закон, кој албанската влада прифати да го донесе по барање на Европската Унија.

Со него треба да се регулира признавањето на македонското и на другите малцинствата на целата територија на Албанија, односно да се овозможи образование на македонски јазик таму каде што живеат Македонците.

– Законот треба да обезбеди загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата, правична застапеност во локалната, централната власт и во јавната администрација, посебен фонд за развој и за заштита на македонската култура и традиција, посебен буџет за развој на областите каде што живеат Македонците во Албанија, како и реорганизација на државниот Комитет на малцинствата, со регулирање и на други прашања поврзани со правата на малцинствата – вели генералниот секретар на Македонската алијанса за европско интегрирање, Васил Стерјоски.

Неколку години наназад, македонското и другите малцинства во Албанија бараа да се донесе ваков закон.