Свет Балкан Албанија ги отвора тајните документи од комунизмот

Албанија ги отвора тајните документи од комунизмот

Албанскиот парламент изгласа закон со кој на жртвите на комунистичкиот режим им дава пристап до тајните досиеја, кои за нив ги водела тајната полиција Сигурими. Законот во Собранието бил изгласан со 88 гласови „за“ и со 22 гласови „против“.

Одредбите во законот пропишуват дека поранешните агенти на оваа полиција не можат да се вработат во јавните служби во иднина. Но, оние кои успеале да се вработат во тие служби, изземени се со овој закон.

Режимот кој Албанија ја изолираше од светот, на власт беше од 1944 до 1990 година кога беше срушен, по студентските протести.