Свет Балкан Албанија бара граѓаните да ги пријавуваат сите сомнителни дејства

Албанија бара граѓаните да ги пријавуваат сите сомнителни дејства

Албанските власти вчеравечер упатија апел до граѓаните да соработуваат со полицијата за да се спречи каков било акт на организиран криминал и на тероризам.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, апелираше граѓаните „да не замижуваат“ пред заканите, туку веднаш да ја информираат полицијата.

Странските тајни служби неодамна предупредија дека Албанија и Косово се можни цели за терористички напади.