Македонија Алаѓозовски и Василевски положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

Алаѓозовски и Василевски положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

„Денот на македонската револуционерна борба е симбол на стремежите за сувереност и државност но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност“, пишува во кусото владино соопштение

Фото: Влада на РСМ

По повод одбележувањето на 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба, делегација на Владата составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.

„Република Северна Македонија денеска го чествува 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба, како симбол на стремежите за сувереност и државност но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност“, наведено е во кусото соопштение што стаса денеска од Владата.