Свет Ал Шабаб објави дека убиле 43 војници во база во Етиопија

Ал Шабаб објави дека убиле 43 војници во база во Етиопија

Сомалиската терористичка група Ал Шабаб објави дека нејзините членови убиле 43 војници во нападот на базата на воените сили во Етиопија, која ѝ служи на мисијата на Африканската унија во Сомалија.

– Убивме 43 војници од Етиопија – изјави за „Ројтерс“ портпаролот на Ал Шабаб, задолжен за воените операции.

Тој додаде дека во нападот загинале и неколку борци на Ал Шабаб.