Свет Ал каеда зазеде град во Јемен

Ал каеда зазеде град во Јемен

Припадниците на Ал каеда без отпор зазеле град на југоистокот на Јемен, каде во тек се судири со властите и со шиитските бунтовници, соопштија јеменските сили за безбедност.

Ал каеда го зазела градот Азан, кој се наоѓа на патот меѓу два големи града на југоистокот на Јемен, јавуваат светските агенции, додавајќи дека во градот се виори знаме на терористичката организација.

Во Јемен се водат борби меѓу меѓународно признаената влада и шиитските бунтовници Хути, кои се сојузници со поранешниот претседател Али Абдула Салех, кој ја има поддршката на Иран. Ал каеда го користи хаосот во земјата за да заземе поголеми територии.