среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Ал Каеда | 21 резултати

Најмалку 18 убиени во напад на ресторан во Буркина Фасо

14 август 2017

Најмалку 18 луѓе се убиени, а осум ранети во терористички напад во ресторан во Буркина Фасо, кога вооружени лица синоќа отвориле оган кон гостите кои седеле пред објектот, во главниот град на земјата, Уагадугу, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на владини извори. „Ова е терористички напад“, изјавил министерот за комуникации на Буркина Фасо, Реми Данџини на […]

Ал каеда ги повикува борците да се подготват за „долг џихад“

24 април 2017

Еден од лидерите на Ал каеда ги повика своите приврзаници и сите екстремисти во Сирија да се обединат и да се подготват за „продолжена света војна“, објави денеска новинската агенција на Ал каеда, „Ас шахаб“. Ајман ал Завахири во аудиопорака до исламистичките екстремисти им порача да останат цврсто и да ја сменат тактиката во герилско […]

Советот за безбедност ја продолжи мисијата на ОН во Авганистан

18 март 2017

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа едногласно ја донесе резолуцијата со која се продолжува мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) до март 2018 година. Во неа, како што пренесуваат светските медиуми, се изразува сериозна загриженост поради присуството и потенцијалното зајакнување на разгранокот на Исламска држава, што претставува сериозна закана за безбедноста на Авганистан и […]

САД го ставија на „црната листа“ синот на Бин Ладен, Хамза бин Ладен

5 јануари 2017

Властите на САД денеска соопштија дека на својата „црна листа“ на „меѓународни терористи“ го ставиле синот на убиениот водач на Ал каеда, Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен. Одлуката на американските власти автоматски повлекува финансиски и правни рестрикции против синот на Бин Ладен. Стејт департаментот, како што јавуваат светските агенции, навел дека одлуката е донесена […]

Водач на Ал каеда убиен во напад со дрон во Либија

15 ноември 2016

Абу Талха ел Хасанави, висок член на разгранок на Ал каеда на северот на Африка, е убиен откако беспилотно летало вчера ја погодило неговата куќа во градот Сабха. Либиската новинска агенција ЛАНА јавува дека еден од лидерите на Ал каеда е убиен во напад со дрон на југот на Либија. Ел Хасанави претходно побегнал од крајбрежниот […]

„Си-би-ес“: ФБИ предупредува за можни напади на Ал каеда во пресрет на изборите во САД

4 ноември 2016

Американските разузнавачки претставници ги предупредиле локалните власти во Њујорк, Тексас и во Вирџинија за можни напади на Ал каеда в понеделник, во пресрет на претседателските избори во САД, јавува „Си-би-ес њуз“, повикувајќи се на неименувани извори. Телевизијата наведува дека не се спомнати конкретни локации, но американските разузнавачки претставници ги известиле антитерористичките групи за евентуалните закани. […]

15-годишнина од терористичките напади на кулите близначки во Њујорк

11 септември 2016

Денеска се одбележува 15-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон, кои се случија на 11 септември 2001 година, а во кои животот го загубија речиси 3.000 лица. Во Соединетите Американски Држави (САД) годишнината од нападите традиционално се одбележува во Националниот мерморијалн центар, кој се наоѓа на местото на некогашниот Светски трговски центар, каде […]

Командант на милитантна група убиен во воздушен напад кај Алепо

9 септември 2016

Воен командант на сириската милитантна група, претходно позната како Ал нусра фронт, е убиен во воздушен напад во близина на Алепо, јавува „Би-би-си“. Милитантната група, сега позната како Џабхат фатех ал-шам на својот твитер-прифил соопштила дека командантот Абу Омар Саракеб загинал во воздушен напад во провинцијата Алепо. Засега нема информации која земја ги извршила воздушните напади. […]

Ал каеда им се закани на САД со одмазда

1 јули 2016

САД ќе се соочат со „најтешки последици“ ако го егзекутираат Џохар Царнаев, напаѓачот на Бостонскиот маратон, или друг затвореник муслиман, соопшти лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахири. Напаѓачот на Бостонскиот маратон, Џохар Царнаев, минатата година на 24 јуни беше осуден е на смрт. Царнаев, при бомбашкиот напад во 2013 година, усмрти три, а повреди […]

Во Јемен убиени повеќе од 800 припадници на Ал каеда

25 април 2016

Повеќе од 800 осомничени припадници на Ал каеда се убиени во офанзивата на јеменската војска против џихадистите на југот на земјата, соопшти денеска арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија. „Операцијата е окончана откако се убиени повеќе од 800 припадници на Ал каеда, меѓу кои и лидерите на организацијата“, се наведува во соопштението на коалицијата. Јеменските […]

Убиен лидер на Ал каеда во Јемен

4 февруари 2016

Во воздушни напади на југот на Јемен, кои, како што се верува, ги извршило американско беспилотно летало, убиен е лидер на разгранокот на Ал каеда во таа земја. Убиен е Џалал Белаиди, познат како Абу Хамза, командант на Ал каеда на Арапскиот Полуостров, заедно со двајца чувари, објавија членови на неговото семејство. Нападот се случил во областа Макареш, […]

Ал каеда зазеде град во Јемен

1 февруари 2016

Припадниците на Ал каеда без отпор зазеле град на југоистокот на Јемен, каде во тек се судири со властите и со шиитските бунтовници, соопштија јеменските сили за безбедност. Ал каеда го зазела градот Азан, кој се наоѓа на патот меѓу два големи града на југоистокот на Јемен, јавуваат светските агенции, додавајќи дека во градот се […]

Заврши заложничката драма во Буркина Фасо, џихадистите убиени

16 јануари 2016

Најмалку 20 лица загинаа, а многумина беа земени како заложници во нападот што го изврши Ал каеда на хотел во главниот град на Буркина Фасо. Синоќа најмалку тројца вооружени мажи го нападнаа хотелот „Сплендид“ и држеа заложници во текот на ноќта. Пред тоа два автомобили-бомба експлодираа пред хотелот. Безбедносните сили утринава извршиле контранапад и ги ослободиле […]

Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија

11 јануари 2016

Терористичката организација Ал каеда ја предупреди Саудиска Арабија дека ќе сноси последици поради погубување десетина нејзини членови, тврдејќи дека Ријад го направил тоа како новогодишен подарок за западните сојузници. Егзекуцијата на шиитскиот верски лидер Нимр ал Нимр, извршена на 2 јануари во рамки на масовно погубување, предизвика тензии меѓу Саудиска Арабија и Иран. Покрај свештеникот, […]

Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија

1 декември 2015

Јеменскиот разгранок на Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија поради најавеното масовно погубување затвореници, вклучувајќи и членови на Ал каеда. Во заканата се наведува дека им се познати намерите на саудиските власти да ги погубат нивните членови во саудиските затвори и најавија напади во знак на одмазда. „Наша крв ќе биде пролеана за […]

Ал Каеда со обид за убиство на амбасадорот на САД во Јемен

9 ноември 2014

Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека „двете поставени експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето“. Во соопштнието објавено на исламистичката веб-страница „Ансар ал Шарија њуз“, Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, и требало да бидат […]

Маринецот кој го уби Бин Ладен ќе го открие својот идентитет

6 ноември 2014

Припадникот на специјалната единица на војската на САД, „Морнарички фоки“, кој го уби водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, одлучил да го открие својот идентитет, револтиран поради губењето на здравственото осигурување и пензијата бидејќи предвреме ја напуштил воената служба, пренесуваат светските медиуми. Се очекува тој да има големо интервју за телевизијата „Фокс њуз“, овој […]

Страна 1 од 1