Галерија Акцијата за потписи за правата на децата со посебни потреби продолжува и...

Акцијата за потписи за правата на децата со посебни потреби продолжува и денеска

Акцијата за собирање потписи за иницијатива до Собранието за измена на закони и на подзаконски акти за соодветни права на децата со посебни потреби, денеска се одвива на плоштадот Македонија од 10 до 16 часот.
Досега се собрани нешто повеќе од 2.000 потписи, а требаат уште четирипати по толку за да се постигне цензусот од 10.000 потписи.

Родители и деца со посебни потреби три дена кампуваа во паркот Жена – борец, веднаш спроти Собранието, за, како што рекоа, сите пратеници да ги видат и да обрнат внимание на нивните проблеми.