Македонија Активист на „Шарената револуција“ од Прилеп казнет со 2.400 евра

Активист на „Шарената револуција“ од Прилеп казнет со 2.400 евра

Граѓанскиот активист Жаре Стеваноски е казнет со 2.400 евра за направен сообраќен прекршок како учесник во протестите на „Шарената револуција“во Прилеп, јавува телевизијата „24 Вести“.

Демонстрантите на „Шарената револуција“ со полициски кордон биле спречени да протестираат пред полициската станица.

Поддржувачите на „Шарената револуција“ денеска протестираа и во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен, Свети Николе и во Битола.