Македонија Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

На денешната седница беше формиран новиот состав на Претседателство на МАНУ за периодот од 2024 до 2027 година

Извор на фотографија: Иван Блажев (official photographer of MANU) — Македонска академија на науките и уметностите, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=50138182

Живко Попов е новоизбраниот претседател на Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На денешната седница беше формиран новиот состав на Претседателство на МАНУ за периодот од 2024 до 2027 година, а мандатот на досегашното Претседателство предводено од Љупчо Коцарев завршува на 31 декември оваа година.

За потпретседател е избран Алајдин Абази, а за секретар е избран Блажо Боев.

Останатите членови на МАНУ ги вклучуваат и Ѓорги Поп-Атанасов – секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски – секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова – секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев – секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски – секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ – секретар на Одделението за уметност и акад. Глигор Каневче – избран член.

Дополнително, на седницата беше усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопштија од МАНУ.