Свет Балкан АИ: Траба да се стави крај на трагедиите на Медитеранот

АИ: Траба да се стави крај на трагедиите на Медитеранот

„Амнести интернешнл“ ги повика европските лидери, во пресрет на утрешниот итен самит во Брисел, да почнат хуманитарна операција за да се стави крај на спиралата на трагедии на бродовите со мигранти на Средоземното Море.

Во извештајот, АИ ја нарече кризата „европски потонувачки срам“.

Директорот на АИ за Европа и за Централна Азија, Џон Далхусеин, рече дека самитот е историска шанса да се запре спиралата на хуманитарната трагедија со размери на „Титаник“.