Свет Европа АИ: Итно да се отворат законски и безбедни коридори за мигрантите

АИ: Итно да се отворат законски и безбедни коридори за мигрантите

Амнести интернешенл (АИ) ги повика европските лидери итно да отворат законски и безбедни коридори за мигрантите.

По вчерашната несреќа во Средоземно Море, каде се преврти брод со повеќе од 600 мигранти, АИ апелира дека е неопходно итно да се осигураат коридори за мигранти за да се спречат слични трагедии.

Заменик-шефот на Амнести интернешенл за Европа во Централна Азија, Денис Кривошеев, изјави дека на пат кон подобар живот во Европа, секоја седмица тргнуваат илјадници африкански мигранти.