Свет Европа АИ: Германија не ги штити доволно бегалските центри

АИ: Германија не ги штити доволно бегалските центри

Невладината организација за човекови права „Амнести интернешнл“ (АИ) ја повика Германија подобро да ги заштити центрите каде што се згрижени мигрантите, по низата расистички напади на тие локации.

Бројот на злосторства и на напади врз мигрантите значително се зголемил откако минатата година во Германија пристигнаа повеќе од еден милион азиланти, главно од Блискиот Исток и од Африка.

Лани биле пријавени 923 напади врз бегалските центри.

Од „Амнести интернешнал“ наведуваат дека германската полиција нема сеопфатен план за процена на безбедносната ситуација, за да процени кои бегалски центри се подложни да станат мета на расно мотивирани кривични дела.