Македонија АХВ не најде салмонела во храната од која се затруја ученици од...

АХВ не најде салмонела во храната од која се затруја ученици од Карпош

Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна биле земени мостри само од работните површини за кои резултатите до денес не се добиени, бидејќи при надзорот, не била затекната подготвена храна

Извор на фотографија: Mogens PetersenPixabay上发布

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вели дека не пронашле салмонела во земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна од училиштата во Карпош, каде минатата недела беа пријавени седум случаи на затруени деца од салмонела. АХВ извршила проверка на сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

„Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот магацин  на операторот со храна „Ванила Фуд“ кој се наоѓа во ОУ „Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите куни во основните училишта каде се приготвува храна. Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата Салмонела“, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна биле земени мостри само од работните површини за кои резултатите до денес не се добиени, бидејќи при надзорот, не била затекната подготвена храна, информираат тие.

„Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“, стои во соопштението од АХВ.

Седум ученици кои учат во основните училишта „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“ и во „Јан Амос Коменски“ минатата недела заболеа од инфекција предизвикана од бактеријата салмонела (dg. sаlmonellozis), потврдија тогаш за Мета.мк од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Седум деца заболени од салмонела во училишта во Карпош, се испитува храната и хигиената во кујните