Македонија Ахмети – Бејли: Реформите и владеењето на правото се приоритетите на новата...

Ахмети – Бејли: Реформите и владеењето на правото се приоритетите на новата влада

ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото. Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија. Други приоритети на новата Влада,остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места, порачал претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, соопшти ДУИ.

Ахмети на средбата во амбасадата на САД изразил уверување дека Македонија ќе има нова влада идната недела.