Македонија Ахмети: Oдземањето нечиј живот не се прави во име на која било...

Ахмети: Oдземањето нечиј живот не се прави во име на која било националност, раса или религија

Oдземањето нечиј живот и овие терористички акти не се прават во име на која било националност, ниту една раса, ниту религија, но се акти на лудило кое заслужува поголема казна и не се вклопува во нашиот поглед на светот, се вели во соопштението со сочувството што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го испраќа до францускиот народ.

„Франција и францускиот народ ќе го надминат овој напад над нашиот начин на живот заедно со сите нас, кои го сакаме мирот, толеранцијата, соживотот и разбирањето, а не меѓучовечка омраза. Дозволете ми да им изразам искрено сочувство на семејствата на загинатите од вчерашниот грозен напад во Париз, додека на повредените да им посакам брзо закрепнување и враќање покрај нивните семејства“, вели Ахмети.