Македонија Ахмети ја одложил средбата со Рама

Ахмети ја одложил средбата со Рама

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја одложил средбата со албанскиот премиер Еди Рама, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.

Рама го покани Ахмети, како и лидерите на другите албански партии во Македонија што освоија место во парламентот, на средба во Тирана.
Албанските медиуми јавуваат дека лидерот на ДУИ ја одбил поканата поради тензичната постизборна ситуација во Македонија.

Според одредени извори, средбата не е откажана, туку можно е да се одржи следната недела.

Албанските медиуми пишуваат дека албанските партии во Македонија најверојатно ќе пресечат која од главните македонски партии ќе формира влада, имајќи предвид дека и двете партии на предвремените парламентарни избори на 11 декември освоија речиси ист број пратенички места.