Подглавна секција Агенцијата на ОН отпушти дел од персоналот поради сомнеж за учество во...

Агенцијата на ОН отпушти дел од персоналот поради сомнеж за учество во нападот во Израел

Генералниот комесар на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации (UNWRA), Филип Лазарини, изјави дека израелските власти и дале на агенцијата „информации“ во кои се тврди дека неколку нејзини вработени учествувале вo нападот во Израел минатата година

Фото: Ilia yefimovich/dpa

Агенцијата на Обединетите нации за помош која работи во Газа вчера соопшти дека Израел обвинува дека дел од нивниот персонал бил вмешан во нападите на 7 октомври и дека нивните договори итно ќе бидат раскинати.

Генералниот комесар на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации (UNWRA), Филип Лазарини, изјави дека израелските власти и дале на агенцијата „информации“ во кои се тврди дека неколку нејзини вработени учествувале во убиственото дивеење на Хамас во јужен Израел, кога милитантната група уби најмалку 1.200 луѓе и киднапираше 250 други, соопшти Си-ен-ен.

Лазарини додаде дека е започната истрага за наводната вмешаност на вработените и дека инволвираните ќе одговараат „вклучително и преку кривично гонење“.

Генералниот комесар објаснува дека ја донел одлуката со цел да ја заштити способноста на агенцијата да доставува хуманитарна помош.

Веста доаѓа неколку часа откако највисокиот суд на ОН вчера му нареди на Израел веднаш да дејствува за да го спречи геноцидот во Газа, но не повика на прекин на огнот.

По обвинувањата за агенцијата, американската финансиска помош ќе биде привремено стопирана.