Македонија Агелер: Безбедноста и просперитетот на С. Македонија се во пристапувањето во ЕУ

Агелер: Безбедноста и просперитетот на С. Македонија се во пристапувањето во ЕУ

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со процесот на уставни измени во земјава, Агелер кажа дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичките структури оти сакаат да бидат дел од ЕУ. Од друга страна, политичарите од сите партии треба да работат во насока на интеграција на земјава во ЕУ

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека не е нејзино да зборува за тоа како тече процесот на уставни измени, но смета дека просперитетот и безбедноста во С. Македонија се во нејзиното пристапување кон ЕУ.

Таа додаде дека граничниот премин меѓу С. Македонија и Грција потсетува на тешките одлуки што морала да ги направи земјава. Знам дека не е лесно, изјави Агелер, додавајќи дека ги охрабрува граѓаните да им дадат до знаење на политичарите оти се за интеграција на земјава во ЕУ.

Инаку, американската амбасадорка Анџела Агелер денеска беше во посета на граничниот премин „Богородица“, каде што денеска оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со процесот на уставни измени во земјава, Агелер кажа дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичките структури оти сакаат да бидат дел од ЕУ. Од друга страна, политичарите од сите партии треба да работат во насока на интеграција на земјава во ЕУ.

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска со министерот Оливер Спасовски на граничниот премин „Богородица“ ја претставија донацијата од САД составена од нови т.н. „боди камери“ за полициските службеници, како и на двете специјализирани возила за откривање радиоактивен материјал.