Македонија Џафери ја извести комисијата дека Груевски шест месеци не се појавил во...

Џафери ја извести комисијата дека Груевски шест месеци не се појавил во Собранието

Фото: Борче Поповски

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска официјално ја известил Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот во азил Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствува од работа како пратеник во Собранието.

По официјалното известување, претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, треба да закаже седница на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, и ако таа донесе таков предлог, тој ќе се разгледува на пленарна седница.

Одлуката за одземање на мандатот на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ треба да се донесе со двотретинско мнозинство, односно потребни се гласови на 80 пратеници.