Македонија Адвокатите побараа изземање на судиите за „Тенк“ поради обвинувањата од Катица Јанева

Адвокатите побараа изземање на судиите за „Тенк“ поради обвинувањата од Катица Јанева

Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави „Павосудство.мк“.

Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на Специјалнотo јавно обвинителство побараа изземање на судискиот совет и на судиите од Апелација поради интервјуто на Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека меѓу прислушуваните телефонски разговори има разговори и меѓу судии кои постапуваат по предмети на СЈО.

Ова е трет случај во кој се бара изземање на судиите, по „Топлик“ и „ТНТ“.