вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: изземање | 36 резултати

Адвокатите во „Тенк“ побараа изземање на обвинителите, Јанева ги одби

8 мај 2018

Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Стевчо Донев на попладневното продолжение на рочиштето за предметот „Тенк“ до Кривичниот суд достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристоска. Обвинителот ваквото барање го оквалификува како чекор на адвокатите да се одложува […]

Врховен и Апелација одлучија да не се изземат судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

27 април 2018

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд Скопје, Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. […]

Судењето за „Шамарите во Центар“ презакажано за 1 јуни, одбраната бара изземање на судија

19 април 2018

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, не бил во можност за време на паузата да одлучи за барањето за изземање на судијата Душан Јосифов, па судењето за предметот на СЈО „Шамарите во Центар“ е одложено и ќе продолжи во јуни. Поради зафатеноста на адвокатите, судијата Душан Јосифов, закажа две рочишта за 1 и […]

Одбраната побара изземање на судиите во „Траекторијa“

17 април 2018

Одбраната на обвинетите во судењето „Траекторија“, по обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште побара изземање на Судечкиот совет, како и на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, и на судии од Апелацискиот суд. Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една […]

Адвокатите побараа изземање на судиите за „Тенк“ поради обвинувањата од Катица Јанева

10 април 2018

Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави „Павосудство.мк“. Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на Специјалнотo јавно обвинителство побараа изземање на судискиот совет и на судиите од Апелација поради […]

Судот не знае како обвинетите во „Титаник“ дознале кои судии ќе одлучуваат за притворите

7 јули 2017

Обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, барале изземање на еден од тројцата судии од кривичниот совет што одлучуваше по барањето на Специјалното јавно обвинителство да им биде одреден притвор, потврди денеска Основниот суд Скопје 1. Како обвинетите и нивната одбрана дознале кои судии го сочинуваат советот, од судот велат дека […]

Вангеловски: Неделкова е изземена од предметите на СЈО бидејќи син ѝ таму е ангажиран

27 април 2017

Врховната судијка Лидија Неделкова била изземена од одлучувањето за предметите на Специјалното јавно обвинителство поради „состојба на блискост“, односно затоа што нејзиниот син бил во некаков работен однос во СЈО, рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангелвоски, на денешниот бирфинг со новинарите. Станува збор за случаите за апсењето на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, […]

Врховниот суд официјално кажа дека одбил буквално сè, но не и зошто

11 април 2017

Врховниот суд попладнево и официјално соопшти дека ги одбил сите барања и приговори што беа на дневен ред на денешната општа седница. Имено, на седницата се одбиени барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, приговорот на судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и приговорите на 17-те судии од […]

Врховниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

11 април 2017

Врховниот суд на денешната општа седница го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски, од Кривичниот совет, кој треба да одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори СЈО. Од Врховниот суд сè уште нема официјална потврда за одлуката за Вангеловски. […]

Врховниот суд денеска ќе одлучува по барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

11 април 2017

Врховниот суд денеска на општа седница во 11.30 часот, ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски. На седницата ќе се резгледуваат и ќе се одлучува и по приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1 за годишниот план за работа, што на крајот на минатиот месец […]

СЈО: Врховниот суд бара информација за изземање на судија, но нема да му одговориме

10 април 2017

Барањето што Врховниот суд на Република Македонија минатиот четврток го испратил до Специјалното јавно обвинителство се однесувало на информација поврзана со барање за изземање на судија од овој суд, соопштија попладнево од СЈО. Од СЈО не прецизираат за кој судија станува збор, а на прашање на „Мета“ оттаму велат дека не се работи за изземањето […]

Врховниот суд утре ќе одлучува за изземањето на Вангеловски

10 април 2017

Врховниот суд за утре ја закажа општата седница на која треба да одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на највисокиот суд во државата, Јово Вангеловски, потврдија за „Мета“ од судот. На седница која е затворена за јавноста, како што информираат од Врховниот суд, ќе се одлучува и по приговорите на […]

Врховниот суд сè уште не ја закажал седницата за изземањето на Вангеловски

31 март 2017

Врховниот суд на Република Македонија сè уште не ја закажал општата седница на која треба да се одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангелвоски, велат за „Мета“ од Врховниот суд. – Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија сè уште […]

За изземањето на Вангеловски треба да одлучува Врховниот суд на општа седница

31 март 2017

Специјалното јавно обвинителство вчера побара изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на судот. Бидејќи станува збор за претседател на највисокиот суд во земјава, односно над него нема непосредно повисока судска инстанца, законот предвидел дека […]

СЈО побара изземање на претседателот на Врховен суд бидејќи го има во „бомбите“

30 март 2017

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска до Врховниот суд на Република Македонија поднело барање за изземање на претседателот на највисокиот суд во земјава, со образложение дека Јово Вангеловски е дел од „бомбите“ и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд. Во денешното барање од СЈО се вели дека во прислушуваните […]

Одложен почетокот на судењето за „Еразмус“, одбраната побара изземање на судијката

30 јануари 2017

Почетокот на судењето за случајот „Еразмус“, во кој се обвинети шестмина професори од Економскиот факултет во Скопје, е одложено откако на денешното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побарале изземање на судијката Љубинка Башеска и на судијата Ивица Стефановски, како член на судечкиот совет, пренесува „24 Вести“. Адвокатот Јован Јоанидис, во образложението на барањето за […]

Одложено рочиштето за „Поткуп“, следното закажано за 23 февруари

23 јануари 2017

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го одложи денешното рочиште за случајот „Поткуп“ бидејќи надлежното јавно обвинителство сè уште не донело одлука по барањето на адвокатите на Зоран Заев за изземање на обвинителот Златко Биковски. Одлуката за иземање, сепак, треба да ја донесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од каде, пак, одбија да одговорат […]

Денеска нов обид за почеток на судењето против Заев за „Поткуп“

23 јануари 2017

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во […]

СЈО: Не водиме предистражна постапка против обвинителот Владимир Милошевски

20 декември 2016

Специјалното јавно обвинителство демантира дека води предистражна постапка против јавниот обвинител на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Владимир Милошевски. Од СЈО потврдуваат дека политичката партија СДСМ до нив поднела кривична пријава против обвинителот Милошевски и други лица и дека сè уште се испитуваат наводите во кривичната пријава. „До ова јавно обвинителство доставена е […]

Адвокатите на Заев побараа изземање на обвинителот за случајот „Поткуп“

20 декември 2016

Судењето за случајот „Поткуп“ не почна затоа што адвокатите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побараа изземање на јавниот обвинител Владимир Милошевски бидејќи против него СЈО води истрага за неколку кривични дела. Како што наведе еден од адвокатите на Заев, Јаким Наумов, јавниот обвинител Милошевски е дел од злосторничко здружување во врска со објавените снимки […]

Страна 1 од 2