Хроника Адвокат со тупаници нападнал колега во охридскиот суд

Адвокат со тупаници нападнал колега во охридскиот суд

Вчера, околу 15 часот, во Основниот суд во Охрид, пред крајот на судска расправа, адвокат нападнал свој колега, удирајќи го со тупаници во главата, соопшти полицијата.

Судската полиција, според информациите, веднаш интервенирала и спречила поголем инцидент, а нападнатиот адвокат, поради повреди, побарал лекарска помош.

Од полицијата додаваат дека Секторот за внатрешни работи Охрид „презема дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот“.