Македонија Адеми в понеделник ќе се сретне со професорите

Адеми в понеделник ќе се сретне со професорите

Покана до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за средба в понеделник во хотелот „Александар палас“, денеска упати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

„Водејќи се од принципите на транспарентност и на отвореност, како дел од дебатата за реформите што се спроведуваат во високото образование во Република Македонија и кои во својата суштина го имаат обезбедувањето на повисок степен на знаења и на вештини за студентите, дополнителен квалитет на работата на наставниот кадар и на образовниот процес, односно генерално подобрување на квалитетот на високото образование, Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука доставија покана до членовите на Интеруниверзитетската конференција за организирање средба за размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување на реформите и дебата“, се вели во поканата.