Македонија Адеми: Од септември нов концепт на државна матура

Адеми: Од септември нов концепт на државна матура

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, најави дека од септември ќе има нов концепт за државна матура и за екстерно тестирање, за што ќе биде направена детаљна анализа и ќе бидат консултирани сите засегнати страни.

– За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна, имаме подобри резултати од минатата учебна година. Ова ни дава дополнително аргументи дека сме биле во право кога сакавме математиката да биде задолжителна, но, сепак, ќе се консултираме со сите засегнати страни околу понатамошните чекори – рече Адеми.