Забава Адам Сендлер е најпреплатен актер за 2014 година

Адам Сендлер е најпреплатен актер за 2014 година

Комичарот Адам Сендлер е на врвот на листата на Форбс за преплатени холивудски актери веќе втора година по ред. Иако „Возрасните 2“ достигна 264 милиони долари на кино-благајните, не ги надомести претходните лоши остварувања со „Џек и Џил“ и „Тоа е моето момче“.

– Проценуваме дека за секој еден долар за кој Сендлер беше платен, тој заработи во просек по 3,20 долари. Тоа е најнискиот повраток на инвестиција на кој било актер што списанието го истражувал – велат од „Форбс“.

Џони Деп го зазеде второто место, со заработка во просек од 4,10 долари за секој платен долар, а комичарот Бен Стилер e на третото со заработка од 4,80 долари. На четврто место е Рајан Рејнолдс со 4,90 долари, а на петто Том Хенкс со 5,20 долари. Вил Фарел е на шестото место со заработка од 6,60 долари на платен еден долар, Ченинг Татум на седмото место со 6,70 долари, Дензел Вашингтон со 6,90 долари е на осмото место, Сандра Булок е девета со 9 долари и Бен Афлек е десети со 9,37 долари.