Македонија Ад хок комисијата за медиуми не поведе прекршочни постапки

Ад хок комисијата за медиуми не поведе прекршочни постапки

Ад хок телото за медиуми денеска одлучи да не поведе ниту една прекршочна постапка против медиумите за последните десет дена од известувањето од изборната кампања.

Комисијата одби два предлози за поведување постапки, а во повеќето случаи комисијата едногласно гласаше против поведување постапка. Со оваа седница заврши оценувањето на работата на телевизиите и на радијата во врска со изборите.

Според најавите, ад хок телото треба дополнително да се состане за да ја разгледа работата на локалните и на регионалните медиуми.