Македонија ААВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за изгорената ТВ Вис

ААВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за изгорената ТВ Вис

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, АВМУ, ќе донира финансиски средства на ТВ Вис Струмица, со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во кој беа опожарени телевизиското студио и техниката.

„Станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние што на 25 март им беа доделени на сите радиодифузери, меѓу кои и на ТВ Канал Вис. Одлуката за донација, Агенцијата ќе ја донесе на седницата закажана за 2 април 2020 година“, стои во соопштението на АВМУ, и се додава дека се надеваат оти телевизијата набрзо ќе ја надмине оваа состојба и понатаму ќе биде дел од медиумскиот плурализам на регионално ниво, односно ќе продолжи со емитување програма и содржини од значење за регионот Д4, кој опфаќа повеќе населени места.