Економија 90 компании аплицирале за финансирање од Фонд на иновации

90 компании аплицирале за финансирање од Фонд на иновации

Деведесет компании аплицирале за трите инструменти содржани во вториот повик на Фондот за иновации и за технолошки развој, за добивање неповратна помош во пари за финансирање на иновациите.

За комерцијализација на иновациите, аплицирале 25 компании, а преку овој инструмент се обезбедува финансирање на најмногу 70 проценти од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 100.000 евра.

Другите компании аплицирале за третиот инструмент, односно трансферот на технологии, преку кој се обезбедува финансирање на најмногу 50 проценти од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 200.000 евра.

Вкупниот обем на средства што државата ќе ги додели на македонските компании како неповратни средства во рамките на овој оглас изнесува 1,3 милиони евра.