Македонија Сончево, топло и ветровито

Сончево, топло и ветровито

Времето денеска ќе биде сончево, топло и ветровито.

Ветровито ќе биде во западните предели, каде ќе дува умерен јужен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Во другите предели ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна температура – од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе биде 9 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне 24 Целзиусови степени.