Свет Балкан Почна средбатa помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел

Почна средбатa помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел

Во Брисел почна првата директна средба на претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за надминување на политичката криза во земјава, со посредство на Европскиот парламент. Според најавите, средбата се одвива зад затворени врати, пренесе МТВ.

Состанокот на претставниците на ВМРО-ДМПНЕ и на СДСМ е со европаратанците Кукан, Вајгел и Ховит, за решавање на политичката криза во нашата држава. Во улога на набљудувач е и претставникот на Европската комисија, Дејвид Кулен, задолжен за досието на Македонија.

Денот почна со одделни средби на тројката европски пратеници со претставниците на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Виктор Габер, по што следуваше и состанок со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски.