Хроника 74-годишен чегранец со тупаници делел правда пред гостиварскиот суд

74-годишен чегранец со тупаници делел правда пред гостиварскиот суд

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против А.З. (74) од селото Чегране, кој се товари дека натепал жител на Здуње пред Основниот суд во Гостивар, соопшти полицијата.

Инцидентот, како што информираат оттаму, се случил кон средината на февруари годинава, на улицата Живко Брајковски, пред Основниот суд во Гостивар, кога осомничениот поради судски спор, физички го нападнал жителот на Здуње и му нанел видливи повреди.

Полицијата против А.З. поднела кривична пријава за насилство.