Хроника 73-годишен охриѓанец блудничел врз седумгодишно девојче

73-годишен охриѓанец блудничел врз седумгодишно девојче

Охриѓанка, на возраст од 32 години, во полициската станица во Охрид пријавила дека 73-годишен сограѓанин, со иницијали Т.Т., извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка.

Додека девојчето се враќало од училиште по улицата Св. Климент Охридски, сторителот го задржал и извршил полови дејства врз неа.

Т.Т. е приведен и задржан во полициската станица во Охрид за понатамошна постапка.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.