Галерија Почна трката на франкофонијата во Скопје

Почна трката на франкофонијата во Скопје

Околу 500 учесници, денеска напладне ја почнаа Трката на франкофонијата, која ја организира Францускиот институт во Скопје, во соработка со Амбасадата на Франција, во чест на Светскиот ден на франкофонијата.

Трката почна напладне од Паркот на франкофонијата, а ќе заврши кај „Скопје сити мол“.

Како што соопштија од Францускиот институт, четирикилометарската трка има цел да ги одбележи франкофонски вредности, употребата на францускиот јазик, културната разновидност и солидарноста.

Почетокот на трката го означија француската амбасадорка Лоранс Оер и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.