Хроника 67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата.

Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), кој се движел пеш.

Тој со тешки телесни повреди, со возило на итна помош, бил пренесен во Ургентниот центар, каде околу 8.30 часот и покрај настојувањето на лекарите, починал.

Екипа на скопската полиција извршила увид на местото и работи на утврдување на причините и на околностите за несреќата.