Економија 600 домашни компании соработуваат со странските инвеститори

600 домашни компании соработуваат со странските инвеститори

Опортуните трошоци на државата од ослободување од данок на добивка, персонален данок на странските директни инвестиции и неискористеноста на дел од земјиштето во ТИРЗ, во периодот од 2009 до 2014 година изнесуваат 26 милиони евра.

Веќе 600 домашни компании имаат остварено соработка со инвеститорите врз основа на служби за кетеринг, обезбедување и за одржување објекти.

Овие податоци беа изнесени на трибината „Ефектот на странските директни инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони врз македонската економија“ во Штип.

Постојните странски директни инвестиции имаат 8,5 проценти учество во домашниот бруто-производ.

До крајот на 2015 година, 13 компании ќе работат во рамки на технолошко-индустриските развојни зони и бројот на вработени во овие компании треба да достигне до 5.000 вработени.

Трибината беше организирана од Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ), а на неа учествувале Горан Мојаноски, претставник од ЗМАИ, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, професорите Љупчо Давчев и Тамара Јованова, како и претставничка од Општината Штип, Габриела Насева.