Подглавна секција 48 годишен скопјанец физички ја нападнал поранешната сопруга

48 годишен скопјанец физички ја нападнал поранешната сопруга

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информира МВР

Image by Tumisu from Pixabay

Жена била физички нападната од својот поранешен сопруг на подрачјето на општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 01 јули во 21 часот во СВР Скопје, 26 годишна жена од Скопје пријавила дека на 25.06.2024 во 12 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг, Д.И.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информира МВР.