Свет Европа 380 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани од Еквадор

380 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани од Еквадор

Германската полиција соопшти дека пронашла 384 килограми кокаин во кутии со банани испратени од Еквадор.

Работник од компанија за продажба на големо во Леверкузен ја информирал полицијата дека се сомнева дека има дрога во кутиите.

Полицијата наведе дека пронашла сомнителна супстанција во стотина пакети по еден килограм, во 26 кутии со банани, и дека примерите од прашокот покажуваат дека се работи за кокаин.

Кутиите со бананите биле испратени од Еквадор за Хамбург и оттаму со камиони биле пренесени во Леверкузен.

Полицијата пронашла и ГПС-предавател во една од кутиите, поради што се верува дека шверцерите планирале бргу да ја лоцираат дрогата во големото складиште.

Засега нема податоци за проценетата продажна вредност на пронајдената дрога.