Свет Европа 36 студенти повредени во пожар во Москва

36 студенти повредени во пожар во Москва

Во пожар, кој вчера доцна вечерта избувнал во студентски дом во југозападниот дел на Москва, настрадале 36 студенти од странски земји, од кои дел биле во критична состојба, пренесува ХРТ.

Пожарот избувнал во шестнаесеткатница која му припаѓала на Националниот руски универзитет за медицински истражувања „Пирогов“, еден од најстарите и најпрестижните во Русија.

Како што пренесува ХРТ, полицијата соопштила дека краток спој најверојатно бил причина за пожарот, кој избувнал на седмиот кат од зградата.

Од полицијата засега нема информации од кои држави се настраданите студенти, а според лекарски извори, станувало збор за студенти од Гана, Руанда, Сиера Леоне, Малезија, Туркменистан и од Таџикистан.