Видео Ролин Страус од Јужна Африка е „мис на светот 2014“

Ролин Страус од Јужна Африка е „мис на светот 2014“

За најубава жена на светот за 2014 година е прогласена 22-годишната студентка по медицина Ролин Страус од Јужна Африка. За прва придружничка на изборот кој се одржуваше во Лондон е избрана Едина Кулчар од Унгарија, додека Елизабет Сафрит од САД е втора придружничка. Меѓу петте финалистки се најдоа и најубавата Австралијка и најубавата Британка кои беа избрани од вкупно 121 убавица на 64. избор „Мис на светот“.

Видеозапис од претставувањето на победничката.