Главна секција Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија.

Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој забележи говор на омраза, истакнување симболи или поттикнување насилство, да му се даде групен аплауз, да се сними со телефон и да се пријави кај најблискиот редар.

Од пленумот вчера повикаа на мирен марш без насилство и без истакнување на партиски или национални симболи.