Свет Балкан 316 Косовци се наоѓаат на странски боишта

316 Косовци се наоѓаат на странски боишта

Вкупно 316 лица од Косово се наоѓаат на странски боишта, а 44 од нив се жени и деца, информираат од Управата за контратероризам во косовската полиција.

Проценките се дека во воените конфликти учествуваат уште 140 граѓани на Косово и 77 се вклучени во работа на терористички организации.

Педесет и осум лица од Косово загинале, а најголем дел од нив ги убиле терористи додека тие се обидувале да напуштат зона на судири.

Успеале да се вратат 117 лица, кои се на возраст од 17 до 27 години, главно со ниско образование и во лоша финансиска состојба.