Хроника 26-годишно момче пронајдено мртво во куќа во Радовиш

26-годишно момче пронајдено мртво во куќа во Радовиш

Вчера, доцна попладне, во куќа во Радовиш било пронајдено безживотно тело на 26-годишно момче.

Полицијата го потврди случајот и првично информира дека станува збор за Ј.Р. (26) од Радовиш.

Според информациите, мртвото тело го пронашол сопственикот на куќата, во која момчето живеело како потстанар.

Причините за смртта засега се непознати. Надлежните ги чекаат резулатите од обдукцијата на телото, која треба да утврди дали Ј.Р. починал од насилна или од природна смрт.