Свет Балкан 25 лица приведени во Турција поради сомневање дека соработувале со ИД

25 лица приведени во Турција поради сомневање дека соработувале со ИД

Турската полиција приведе 25 лица во две одвоени акции во Истанбул и Анкара под сомневање дека се поврзани со џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Турските медиуми пишуваат дека меѓу уапсените има и сириски државјанин за кој се верува дека е организатор на неколку терористички напади во Турција.

Како што информирале од полицијата, Сириецот, е идентификуван како Али ал Агал и е осомничен дека ги координирал и организирал нападите што припадници на ИД ги извршија последнава година во Турција. Ал Агал, познат под псевдонимот Ажов, е уапсен во Анкара.

Во друга полициска акција спроведена во Истанбул, се приведени 24 лица под сомнеж дека се поврзани со ИД.